Прва средба на Јункер со премиерот Борис Џонсон
Претседателот на Европската Комисија во заминување, Жан Клод Јункер, ќе се сретне со Борис Џонсон за првпат во својство на премиер. Средбата ќе се одржи во Луксембург.
Џонсон и Јункер ќе имаат работен ручек, информираат прес службите на двете страни, но не откриваат за што ќе се разговара.
Обединетото Кралство треба да ја напушти Европската Унија на 31 октомври, но ЕУ бара тоа да се случи со претходен договор. И покрај обидите на Борис Џонсон, британскиот парламент изгласа забрана за Брегзит без договор.
Останува, сепак, фактот дека британската Влада се противи на механизмот на заштита предвиден за ирската граница, попознат како “бекстоп“. Според ирските медиуми, се очекува Џонсон да му порача на Јункер дека сака претходен договор за Брегзит, но дека не може да се согласи за бекстопот за Ирска.
Во неговите последни јавни настапи, британскиот премиер се покажа оптимист дека е можен договор со Брисел за Брегзит до самитот на ЕУ кон средината на октомври, а многумина шпекулираат дека денешната средба со Јункер е знак дека двете страни се блиску до договор околу ирската граница, што е главната пречка меѓу двете страни.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден