Прва прекугранична трка во историјата на Светскиот куп во скијање
– Светскиот куп во скијање од сезоната 2022/23 во својот натпреварувачки календар за првпат во историјата ќе има прекугранична трка, чиј старт ќе биде во Швајцарија, а целната рамнина во Италија, соопшти Меѓународната скијачка федерација (ФИС).
Трките во спуст и велеслалом во машка и женска конкуренции ќе се одржуваат во октомври или ноември на планината Матерхорн на Aпенинските Алпи, во чие подножје е лоциран познатиот зимски центар Цермат. Патеката ја трасираше олимпискиот шампион во спуст од 2010 година, Швајцарецот Дидие Дефаго, а локалните организатори соопштија дека тоа ќе биде најдолгиот спуст во должина од пет километри со проектирано време од околу две минути и 45 секунди од стартот до целта. – Многу сум возбуден што прифаќаме идеи, кои го придвижуваат нашиот спорт и нудат нови можности, порача претседателот на ФИС, Јохан Елиаш.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи