Фудбал
31. August 2019 - 19:46

Прва МФЛ: А.Пандев на врвот, Шкендија на дното

Попладнево се одиграа 4 средби од 4. прволигашко коло во домашното првенство.  Најголемото изненадување го приреди екипата на Борец која со голот на Прелчец во вториот дел славеше со 1-0 против шампионот Шкендија.
Во дербито на Арената „Тоше Проески“ победа од 2-1 за А.Пандев против Работнички со што Струмичани ја запоседнаа прволигашката табела со 10 бода.
Веднаш зад нив е Македонија ЃП која однесе голема победа во Кратово совладувајќи го Силекс со 4-3. Единствено победник немаше во Струга каде Трим Лум одигра 1-1 со Шкупи.
Утре се игра дуелот Ренова- Вардар.