Прва американско-израелска база на територијата на Израел
Израел и САД денеска ја отворија првата американска воена база за ракетна одбрана на израелска територија.
Новиот објект е на непозната локација во една израелска база во јужниот дел на земјата и во неа ќе бидат стационирани десетина американски војници, кои ќе работат на системот за противракетна одбрана.
- Заедно со нашите партнери од војската на САД отворивме американска база првпат во Изреал, изјави бригадниот генерал командант на израелската противракетна одбрана Цвик Хајмовиц.
Тој додаде американско-израелската база не е директна реакција на некоја специфична закана или инцидент туку комбинација на „лекцијата“ научена во војната во Газа во 2014 година и разузнавачките анализи за идните закани.
- Имаме многу непријатели околу нас, поблиску и подалеку. Воената база не е дел од вежба или меневар туку ги претставува заедничките напори на Израел и САД да ја подобрат одбраната, посочи Хајмовиц.
Ново на Сител
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето
-
Трамп: Ако не можеме да постигнеме договор, работите ќе станат непријатни за Иран
-
Бројот на жртвите во земјотресот во Мјанмар се искачи над илјада
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне
-
Обилни врнежи град го отежнаа сообраќајот на автопатот Скопје-Штип