Македонија
20. August 2024 - 16:32

Прв уписен рок на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип

Почна првиот уписен рок на идните студенти на штипскиот Универзитет, кој ќе трае до 23ти август. Слободни се 3900 места на 12 факултети и 3 академии со над 70 студиски програми. Сите заинтересирани кандидати треба да да ги достават своите документи во неколкуте центри на УГД, во Штип, Скопје, Гевгелија, Кавадарци и Струмица.

-Понатаму ние ги верификуваме нивните податоци и во текот на овој прв упиесн рок ќе ги рангираме и ќе имаме прелиминиранни резултати. Вториот уписен рок е на 5-ти и 6-ти септември, потоа третиот е на 18-ти и 19-ти септември. Сите оние кандидати кои влегоа во нашиот систем, направија свои профили, ги направија основните плаќања, ги внесоа основните информации ги повикувам во овие 4 денови да ги достават документите, изјави Мишко Џидров, проректор за настава- УГД – Штип

Најдобрите кандидати од првиот уписен рок ќе бидат ослободени од партиципација, а на Филолошкиот факултет сите студенти ќе студираат бесплатно. Во дополнителен конкурс ќе бидат ослободени и одредени категории на кандидати.

-Тоа е за оние категории кои имаат студент со еден родител, со починат родител, родител кој го загубил своето родителско право, непознат родител или пак двајца студенти кои студираат, а нивните родители имаат минимални примања, додаде Џидров

Талентираните студенти со 9,5 просек и 40 кредити исто така се ослободени од партиципација.

-Штипскиот Универзитет го одбрав зашто е високо рангиран, блиску ми е до Струмица и сите имаат високо мислење што доаѓаат тука, изјави кандидатка од Струмица

И годинава има голем интерес кај странските студенти, а покрај на медицинскиот студиски програми на англиски јазик има и на правниот, економскиот и факултетот по информатика