Прв говор на британски крал во Парламентот по повеќе од 70 години
Кралот Чарлс Трети денеска официјално ќе ја отвори годишната седница на британскиот Парламент и ќе го претстави законодавниот план на неговата Влада.
Тоа ќе биде првиот кралски говор по повеќе од 70 години.
Кралот Чарлс ќе ја објави законодавната „листа на желби“ на конзервативниот премиер Риши Сунак, која треба да ги нагласи разликите со главната опозициска Лабуристичка партија.
Монархот ќе зборува од златниот трон во Домот на лордовите. Говорот на кралот претставува една од последните можности за Риши Сунак да ја претстави својата агенда.
Бидејќи заостанува на анкетите, една од ретките предности што ги има во моментов е тоа што може да ја постави националната агенда, да контролира што печатат весниците што го поддржуваат и на тој начин да се обиде да постави низа пречки за опозицијата, истакна политичкиот аналитичар Ричард Кар.
Чарлс неколку пати ја менуваше својата мајка Елизабета Втора, но ова ќе биде прв негов говор на отворањето на Парламентот како суверен.
Сунак во својот говор ќе се обиде да ги истакне линиите на поделба со Лабуристичката партија на Кеир Стармер за животната средина и енергијата.
Тој ќе предложи закон за секоја година да се доделуваат нови лиценци за проекти за нафта и гас во Северното Море, што според Сунак ќе ја намали зависноста на Велика Британија од странска енергија и ќе создаде работни места.
Во говорот, кој треба да трае околу 10 минути, се очекува тој да објави построги насоки за изрекување доживотни казни и укинување на можноста за предвремено ослободување за сторителите на одредени насилни сексуални престапи.
Говорот на кралот, што е законска регулатива, го означува почетокот на новата парламентарна година, а последен пат машки монарх го одржал во 1951 година, иако не лично бидејќи кралот Џорџ Шести беше тешко болен.
Ново на Сител
-
Донесени измените на Законот за средно образование
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина