Македонија
25. August 2016 - 15:50

Прскање против комарци во поплавените подрачја

Утре во периодот од 23 часот до два по пилноќ Град Скопје ќе спроведе вонредна терестрична (од земја) дезинсекција против комарци на територијата зафатена со поплавата, односно во населените места Смилковци, Сингелиќ, Стајковци, Економија, Арачиново, Брњарци, Инџиково, Црешево, Виниче, Камник и Ченто.

Вонредната терестрична дезинсекција ќе се изврши постапувајки по барањето од Министерството за здравство, а во согласност со заклучокот од 59-та седница на Владата на Република Македонија.