Македонија
21. July 2025 - 12:15

Охрид го живее шпицот на сезоната

Охрид го живее шпицот на сезоната а деновите кои престојат се до 15 август се очекува наплив на гости.Градоначалникот на Охрид Пецаков вели дека општината е подготвена за предзивиците кои следат како менаџирањето со отпадот,слабиот притисок со вода и секако   паркинг местата проблеми со кои се соочуваат поради зголемениот број на посетители.

Проблемот со паркинг местата според Пецаков ќе се решава со изградба на катна гаража за која е потпишан договор и треба да започне во месец септември.

Инаку градот деновиве е исполнет со гости покрај во хотелите место повеќе се бара и во приватното сместување.