Балкан
28. March 2016 - 21:20

Протести во Тирана завршија со судири со полицијата

Најголемата албанска опозициска сила - Демократската партија, заедно со повеќе граѓански здруженија, попладнето организираа протести против изградба на детски игралишта во парк крај езерото кај Тирана. 

Според албански медиуми, демонстрантите се судриле со полицијата при што има повредени и уапсени демонстранти.       

Повеќето граѓански органзации,кои добија поддршка и од опозициските демократи се противат на изградба на објекти или како што велат„бетонирање на најзелената површина во албанската метропола“.

Тие не се откажуваат и најавија продолжување на протестите се додека властите не ја повлечат одлуката со што се зафаќа голем дел од зеленилото на паркот кај вештачкото езеро.