-->
-->
Протести во Холандија поради новите рестриктивни мерки
-->
Холандската полиција употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои се против воведување на ново делумно затворање поради Ковид-19.
Премиерот на Холандија, Марк Руте на вчерашната прес-конференција ги соопшти новите мерки, со кои посебно е погоден угостителскиот сектор. Баровите, рестораните и продавниците ќе работат до 19 часот најмалку во следните три недели.
Од граѓаните ќе се бара да работат од дома, а публика нема да има на спортски настани. Училиштата, театрите и кината остануваат отворени.
Во Холандија вчера беа се регистрирани 13.902 новозаразени со Ковид-19, што е трета највисока дневна стапка од почетокот на пандемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори