-->
-->
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-->
Студентите во блокада во Србија најавија протести за денеска во 34 градови низ државата каде еден од слоганите е „Децентрализацијата се вчитува“. Нивната цел е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека гласот на помалите градови е слушнат.
За време на денешниот протест попладнево во Белград ќе бидат блокирани Бранков мост и Газела преку реката Сава.
Протестот под слоганот „Сакаме избори“ прво беше најавен само во Пожаревац, но студентските и граѓанските организации на други места одлучија да организираат протести или да ги поместат своите протести за денеска и на тој начин да се приклучат на колективната акција низ целата држава
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево