Протести на граѓанската иницијатива „Протестирам“ во Скопје и други градови
Во организација на граѓанската иницијатива „Протестирам“ и денеска се одржа протест во Скопје и во повеќе градови низ државата.
Учесниците на протестите побараа повлекување на одлуката за аболиција за сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и неотповиклива оставка од претседателот Ѓорге Иванов.
Протестот во Скопје почна пред Специјалното јавно обвинителство по што учесниците се упатија кон резиденцијата на претседателот Иванов на Водно, но беа спречени од полициски кордон. По говорите што се одржаа во близина на резиденцијата на претседателот Иванов и по бојадисувањето на негов портрет, учесниците на протестот се разотидоа. На пат кон резиденцијата беа обоени автобуските станици.
Протести беа организирани и во Струга, Ресен, Тетово, Куманово, Велес и Битола од каде граѓаните исто така побараа повлекување на одлуката за аболиција и одложување на изборите на 5 јуни.
Ново на Сител
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата