-->
-->
Протестен марш во Куманово
-->
Граѓаните на Куманово и вечерва се приклучија на маршот што го организира инцијативата „За заедничка Македонија“. Ги повторија пораките за отфрлање на тиранската платформа и за зачувување на унитарноста на државата.

Тргнаа од Соколанскиот парк и поминаа низ централните градски улици, а маршот го предводеа десетина трактори. Собирот заврши пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ по што се обрати Никола Перовиќ. Рече дека низ вековите многумина се обидувале да не распарчат, но не успеале, бидејќи Македонците сонувале за суверена и независна држава.
- Денес, по 25 години од остварувањето на сонот на нашите предци, ние младите повторно сме сведоци на најлошата карактерна особина на македонскиот народ, на кодошлук, самопродавање на честа и татковината своја од одредени луѓе, за жал наши луѓе, Македонци, истакна Перовиќ.
Ги повика граѓаните да го кренат гласот и да го зачуваат, како што нагласи, она што што е наследено за иднитe поколенија, за да се изгради државата како што сакаме ние, а не некој трет.
- Време е заеднички да се одбрани сонот за самостјна, независна, унитарна Македонија, напомена Перовиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?
-
Апелација му скрати четири години од казната на Боки 13 за „Рекет“
-
СДСМ предлага закон за зголемување на платите
-
Левица: Плата да се исплаќа до 5ти во месецот
-
Научна конференција: Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење
-
Дневен центар за пензионери во Охрид
-
Прилепските извидници прославија 10 години