Протест на земјоделци пред тетовската локална самоуправа
Со двочасовен протест и блокада со трактори на улицата пред општинската зграда во Тетово повеќе земјоделци од овој регион го изразија револтот од немањето соодветна локација за продавање на своите земјоделски производи.
Тие години наназад сезонското овошје и зеленчук го продаваат на улици, тротоари и други јавни површини соочувајќи се со казни од страна на полицијата.
- Ние од ова егзистираме, а казните се поголеми од тоа што заработуваме. Бараме Општината конечно да ни изнајде соодветна локација каде ќе можеме слободно да го продаваме својот производ, рече земјоделец од тетовско Џепчиште.
Неколку земјоделци за време на одржувањето на протестот беа примени од шефот на кабинетот на градоначалникот. Таа им ветила дека ќе се разгледаат повеќе опции, односно локации каде што ќе можат да ги продаваат земјоделските производи и проблемот ќе биде решен за многу кратко време.
Земјоделците по завршувањето на протестот и блокадата најавија и понатаму дека на ваков начин ќе го изразат револтот ако Општината не го исполни ова ветување.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник