Протест на лиценцираните таксисти од Кочани против нелегалните такси превозници
Лиценцираните такси возачи од Кочани со своите возила блокираа дел од улиците во градот во знак на протест против, како што рекоа, бавното решавање на состојбата со нелегалните такси превозници во општината.
Тие го изразија незадоволството од огромниот пораст на бројот на такси возачи без лиценци и други дозволи, кои превезуваат патници без да користат таксиметри.
-Со мирниот протест сакаме да дадеме поддршка на надлежните инспекторски служби во општината да продолжат со контролата на нелегалните таксисти, слично како што тоа го правеа во текот на летниот период. Во моментот се соочуваме со хаос во такси превозот иако ги имаме добиено сите дозволи да ја вршиме услугата и ги почитуваме одредбите за цената, односно возиме со таксиметри и издаваме фискални сметки. Од друга страна, има голем број таксисти кои возат на диво и ни прават нелојална конкуренција со тоа што наплаќаат паушално, а притоа не ги подмируваат давачките кон институциите, рече Јоце Каров, претседател на Зздружението на лиценцирани таксисти од Кочани.
Таксистите кои протестираа нагласија дека во моментот во Кочани има околу 170 такси возила, од кои само четириесетина се лиценцирани. За сите останати тие имаат евиденција на регистерските таблички и на моделите на возилата, а подготвени се документацијата да ја достават до надлежните служби како поддршка во решавањето на состојбата.
Ново на Сител
-
Четири лица од Итната медицинска помош завршија на Ургентен откако се заглавија во лифт
-
Пренатрупаноста алармантна во Идризово, се убива за повеќе простор
-
Мицкоски: Нема да коленичиме пред Софија
-
Анкета на ИПИС: Граѓаните имаат високи очекувања од владата на Мицкоски
-
Изет Меџити ќе биде прв вицепремиер
-
Зголемувањето на пензиите ќе биде на рати
-
Николоски: Пругата до Бугарија завршува со тунел што нема крај, еден километар чини 24 милиони евра
-
Подолга целодневна настава и воведување една смена во училиштата - примарни реформи на министерката за образование