Балкан
5. May 2016 - 14:14

Протест на бегалци во Идомени

Околу 80 бегалци денеска протестираа во тампон зоната меѓу Грција и Македонија барајќи да се отворат границите за да го продолжат својот пат кон Северна Европа.

Ова го јавија неколку грчки медиуми, без да соопштат други детали.

Претходно бегалците се собрале пред канцеларијата на УНХЦР во кампот во Идомени. Поради тензиите кои преовладуваат во реонот, припадниците на УНХЦР го напуштиле кампот.