Проштално обраќање на Бајден: Во САД се создава „опасна“ олигархија | ВИДЕО
Џо Бајден, претседател на САД во заминување, во проштално обраќање синоќа од својот кабинет во Белата куќа предупреди дека во Америка се формира „опасна“ олигархија која е закана за демократијата и слободниот свет.
Во обраќањето, Бајден подвлече заклучоци од неговата полувековна политичка кариера.
-Во Америка денес се формира олигархија на екстремно богатство, моќ и влијание, која навистина е закана за нашата демократија и нашите основни права и слободи, изјави тој.
Бајден, кој е на возраст од 82 години, го критикуваше екстремно богатиот „технолошко-индустриски комплекс“ кој, според него, може да ја злоупотреби власта на штета на Американците.
Во своето последно телевизиско обраќање од Белата куќа тој упати предупредувања и за климатските промени и дезинформациите на социјалните мрежи.
Бајден ја пофали работата на неговата администрација, и истакна дека се отвориле рекорден број нови работни места, се инвестирало во инфраструктура, здравствената заштита и дека земјата излегла пандемијата и станала побезбедна.
-Ќе биде потребно време за да се почувствува целосниот ефект од сето она што го направивме заедно, но семето е посеано, и тоа ќе расти и ќе цвета со децении.
Бајден посака успех на доаѓачката администрација на Доналд Трамп, но потоа упати низа остри предупредувања, наведувајќи дека „многу е ставено на коцка во овој момент“.
За климатските промени, тој рече дека „моќни сили сакаат да го искористат своето неограничено влијание за да ги елиминираат нашите напори за справување со климатските промени за задоволување на нивните сопствени интереси за власт и профит.“
За дезинформациите, Бајден предупреди дека „Американците се затрупани од лавина дезинформации и погрешни информации, а тоа овозможува злоупотреба на власта.“
Тој исто така упати директна критика против социјалните мрежи како Мета, која што неодамна објави дека ќе ја запре независната проверка на факти. „Социјалните мрежи се откажуваат од проверката на факти. Вистината се гуши од лаги кажувани само за да се добие власт и профит,“ кажа Бајден.
Неговата критика кон ултрабогатиот „техно-индустриски комплекс“ е алузија за Илон Маск, најбогатиот човек во светот, кој е близок со Трамп и обезбеди огромна финансиска поддршка за неговата кампања.
Други технолошки директори, како Џеф Безос и Марк Закерберг, во изминатит пероид сторија многу да ги пододбрат односите со Трамп пред неговото враќање во Белата куќа.
Завршувајќи го својот говор, Бајден ги повика Американците нa „будност“ за својата земја: „Да бидете сите чувари на пламенот.“
Обраќањето на Бајден дојде веднаш откако тој објави договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Рече дека тое биле едни од најтешките преговори во неговата кариера и ја истагна заслугата за помошта на САД во постигнувањето на договорот.
Според договорот прекинот на огнот започнува од 19 јануари, еден ден пред инаугурацијата на Трамп кој исто така си зеде заслуга за договорот, велејќи дека бил возможен само затоа што тој победил на изборите во ноември.
Ново на Сител
-
Македонски навивачи држени четири и пол часа на хрватска граница, се барале знамиња со сонцето од Кутлеш
-
Бугарија доби нова влада – Росен Жељазков избран за премиер
-
Владата го поздравува изборот на нова влада во Софија, но со резерва за можен напредок во разговорите
-
Интерпелацијата даде резултат – Илире Даути си поднесе оставка
-
Деветгодишно дете почина на клиниката за детски болести – Било донесено од штипската болница во многу тешка состојба
-
ИЈЗ: За една недела трипати повеќе болни од грип
-
Речиси илјада вработени во сите инспекторати немаат плата
-
Од денеска трговците сами ќе ги формираат цените во маркетите, заврши новогодишната кошничка