Прошетка „Напред розово – чекори против ракот на дојка“ во Скопје
Под мотото „Напред розово – чекори против ракот на дојка“ во чест на сите жени кои имаат рак на дојка, за оние кои се излечиле, но и за оние кои ја изгубиле битката со болеста, денеска ќе се одржи на плоштадот „Македонија“.
Прошетката е во организација на Здружението за борба против рак „Борка – за секој нов ден“ со што ќе почне тримесечната кампања за борба против оваа болест.
Прошетката која ќе се одвива во центарот на Скопје ќе почне на плоштадот „Македонија“, ќе продолжи на улицата „Македонија“, потоа по улицата „Димитрие Чупоски“ по што учесниците ќе поминат низ порта „Македонија“ и ќе се вратат на плоштадот. Рутата е долга три километри и е во вид на панделка.
Претседателката на Здружението „Борка – за секој нов ден“, Биба Додева на прес-конференцијата одржана минатата недела, рече дека Македонија е на трето место по смртност од сите малигни заболувања во Европа.
Додева информира дека одржале состанок со претставници на Владата и добиле позитивен одговор и поддршка за имплементација на Националната стратегија за контрола на ракот која ќе почне во 2018 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024