Просечната нето-плата во март 28.217 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и информации и комуникации за 12,1 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3 отсто и градежништво за четири отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година изнесува 42.097 денари.
Ново на Сител
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари