Пропаднаа обидите за изолација на Русија, според претседателот на руската Дума
Пропаднаа обидите за изолација на Русија од светот, оцени денеска претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.
- Обидите за меѓународна изолација и во политичка и во економска смисла, пропаднаа, оцени Володин.
Претседателот на Долниот дом на рускиот Парламент смта дека денес расте разбирањето во меѓународната заедница дека обидите да се зачува униполарен свет се „опасни и залудни“.
- Ова земја денес динамично се развива, ја јакне својата позиција во светот, активно бранејќи ги идеалите блиски на целото човештво, правата и слободите на човекот. Освен тоа се зголемува бројот на земјите, кои ги поддржуваат нашите позиции за главните прашања на меѓународната политика, нагласи Володин.
Според него светот се менува и станува јасно дека претходните верзии на глобализацијата „западнале во ќор сокак“.
- Ситуацијата во која официјалните финансиски институции ги потиснуваат интересите на општеството, основните демократски норми и принципи, културниот и националниот идентитет, е неприфатлива, порача Володин.
Ново на Сител
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места