Проодни регионалните патишта низ Источна Македонија
Возачите на регионалните патишта низ источниот дел во земјава возат по исчистени коловози, информира Кире Коцев, технички директор на Регионалната подружница на јавното претпријатие „Македонија пат“.
Екипите и машините од вчера попладне и рано утринава интервенирале на регионалните патишта кон Берово, од Делчево кон македонско-бугарската граница и на планината Пониква.
- Нашите екипи на сите регионални патни правци во источниот дел на земјава посипаа околу 300 м/3 ризла и 100 тони сол. Имаме дадено наредба на транспортерите кои се движат на патот од Делчево кон македонско-бугарската граница задолжително на тешките товарни возила да имаат зимска опрема, односно да возат со ланци или зимски гуми, со цел да нема попречување и застој на овој пат, изјави Коцев.
Тој посочи дека екипа на ЈП „Македонија пат“ интервенира и на патот од Кочани кон зимскиот ски центар Пониква и оти патот е прооден за туристите.
По чисти и суви коловози се вози и во штипскиот и овчеполскиот регион бидејќи во овој дел немаше снежни врнежи.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Мицкоски - Борисов
-
Тема на денот со Антонио Милошоски
-
Преглед на вести од светот
-
Ахмети му пиша на Мицкоски: Ситуацијата е сериозна
-
Борисов победник на изборите во Бугарија – Неизвесно формирањето на нова Влада
-
Од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина, интензивно се работи на Гостивар – Букојчани
-
Јокширски мост во Кратово пред распаѓање – се грижи ли државата за спомениците на културата?
-
Кочанчани го блокираа патот кој води кон депонијата