Проодни регионалните и магистрални патишта во источна Македонија
Источниот дел на Македонија во попладневните часови го зафати снежен бран. Техничкиот директор на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип, Кире Коцев вели дека проодни се сите регионални и магистрални патни правци.
- Активни се шестте пунктови на ЈП „Македонија пат“, екипите со механизацијата ги поминуваат сите патни правци и досега на коловозите имаат фрлено околу 100м/3 абразивен материјал. Прооден е и патот до турскичкиот ски центар „Пониква“, вели Коцев.
Тој додава дека по врнежите од дожд, а сега и на снегот има појава на одрони на патните правци Кочани-Делчево и Виница-Берово, а екипите на ЈП „Македонија пат“ работат на нивно отстранување од коловозите. Коцев вели дека останува препораката возачите кои ќе тргнат на пат да возат со зимска опрема, да ја почитуваат и следат сигнализацијата на регионалните и магистрални патни правци.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање