Пронајдено уште едно тело на мртов маж на Планината Бистра
Полициски службеници пронашле тело на мртов маж на планината Бистра, на оддалеченост од околу половина километар од местото каде пред три дена беше пронајден машки труп во поодмината фаза на распаѓање.
Информацијата ја потврдија и од МВР, од каде дополнуваат дека веднаш по пријавувањето околу 15.30 часот, екипи за увид се испратени на местото
Во јавноста откривањето на двете тела се поврзува со изсчезнуавњето на татко и син Љубомир М.(78) и Сашо М.(50) од Скопје. Двајцата додека престојувале во семејна викендичка во селото Лазарополе, излегле на прошетка и од 14-ти јули по нив се трага.
Засега нема официјална потврда дека станува збор за исчезнатите лица, по кои трагаа полициски специјалци, планинари и локално население. Дали вториот пронајден труп му припаѓа на некој од исчезнатите допрва ќе се утврдува со обдукција.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови