Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија
Полицијата вчера пронашла 27 килограми марихуана во возило „опел вектра“ управувано од албански државјанин кај село Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција.
-Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Охрид, вчера по претходно добиени оперативни сознанија, кај село Кажани – на патот за село Ѓавато, битолско, запреле патничко возило „опел вектра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од М.В.(43) од Албанија, а како сопатник бил Т.М (36) исто така од Албанија. При преглед на возилото, полициските службеници пронашле и одзеле две торби со 27 пакувања марихуана со тежина од околу 27 килограми. Марихуаната била наменета за транспорт во Грција, информираат од МВР.
Лицата биле приведени во Полициската станица Битола и по целосно документирање на настанот, до Основното јавно обвинителство Битола, ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Р.С. Македонија.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители