Македонија
22. July 2024 - 13:23

Пронајдена експлозивна направа во напуштена куќа во Велес

Во СВР Велес, во петокот во 16 часот,  31- годишната Е.С.Т. од Велес пријавила дека во подрумска просторија во куќа на нејзината баба, во која никој не живеел, била пронајдена експлозивна направа.

Како што информира денеска портпаролката на СВР Велес Билјана Ѓаковска, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа.