Македонија
8. January 2025 - 12:27

Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец

На 07.01.2025 околу 13.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(37) од Тетово. При претрес  во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени автоматска пушка со дрвен кундак и четири рамки без куршуми, соопшти МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик - „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.