Македонија
17. November 2021 - 17:01

Пронајден мртов 31-годишен скопјанец кој од јуни се водел како исчезнат

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во с.Драчево, на патот кон место викано „Три круши“, било пронајдено тело на починато машко лице, без траги на насилство, соопштија од МВР.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за В.Д.(31) од Скопје, за кој на 01.06.2021 било пријавено дека се оддалечил од домот.

По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.