Промовирана кампањата „Стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хуманоста“
Активистите на Црвениот крст на Македонија за време на мигрантската криза, во период од година и пол делувале од четири аспекти со цел да има се помогне на мигрантите кои поминувале низ Македонија.
Освен хуманитарна помош со храна, се донирала и облека и хигиенски материјали, се пружала прва помош, се вршел транспорт до здравствените установи, а исто така, се воспоставувале и семејни врски на семејствата кои се разделиле во долгиот пат на мигрантите.
Ова денеска го истакна Владимир Вукелиќ, координатор на Црвениот крст на Македонија, на промовирањето на кампањата „Стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хуманоста“ која се одржа во просториите на Црвениот крст во Делчево, а на која присуствуваа претставници од повеќе инситуции и граѓани од градот.
Посочи дека воспоставување семејните врски е специфична програма која се однесува на разделените семејства.
- Помогнато им е на 565 семејства кои на долгиот пат и од различни причини се разделиле. Ова е официјална бројка и се однесува на периодот заклучно до 7 март оваа година, кога се донесе забраната за влез на мигрантите во европските земји. Црвениот крст има еден систем со кој се координираат другите организации од европските земји и соседството и досега се решени 90 отсто од случаите, рече Вукелиќ.
Потенцира дека во моментов во прифатниот центар во Гевгелија има 103 мигранти, а во Табановце 120. - Досега, според МВР, Македонија ја поминале над 430 илјади мигранти. Иако на крајниот исток, мигрантите ги нема, сепак, кампањата на Црвениот крст „Стоп за рамнодушноста да ја сочуваме хуманоста“ има за цел да ги подготви институциите и поединците да постапуваат хумано со овие лица, но и да ги промовира аспектите на делување на Црвениот крст на Македонија, додаде Вукелиќ.
Според него, станува збор за кампања која кај населението има за цел да ги урне оние стереотипи кои преовладуваа во изминатиов период, а се поврзани со мигрантите.
- Поголемиот дел од мигрантите се бегалци, луѓе кои присилно ги напуштаат своите домови и имаат потреба од хуманитарна помош. Тоа е целна група на различни возрасти со најразлични хуманитарни потреби. Сакаме да ги претставиме пред јавноста активностите кои ги преземаше Црвениот крст на терен за што се ангажирани 216 активисти, доктори, преведувачи, возачи..., рече Вукелиќ.
Црвениот крст на Македонија досега има одржани 90 вакви обуки во земјава со кои се опфатени 2.700 лица. Обуката во Делчево е последна во рамки на оваа кампања.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања