Промовиран водич за мерки и санација на почвата по поплави
Пошумување, канали за дивергирање на водите, пондови за времена ретенација, заштита на сливот од ерозија... се дел од мерките за заштита од поплави кои се наведени во водичот за санација и мерки во поплавените подрачја кој денеска беше промовиран на Земјоделскиот факултет во Скопје, а по иницијатива на Федерацијата на фармери на РМ(ФФРМ).
Деканот на факултетот Драги Димитриевски истакна дека брошурата ќе даде одредени активности кои земјоделците ќе треба да ги спроведат за време на поплави и други непогоди кои ќе го зафатат земјиштето.
- Брошурата ќе даде активности кои треба и нетреба да се превземаат се со цел да се превенира во вакви катастрофални појави. Факултетот после полавите пристапи кон одредени анализи на почвите во полавените региони за да предложи мерки и активности за враќање на почвените капацитети во нормална состојба на производство. Таа активност е завршена и се надевам дека ќе бидат превземени мерките за целосно ревитализирање на овие почви, рече Димитриевски.
Според професорката Татјана Миткова, сетот на мерките кои се препорачуваат се во различни делови од државата во зависност од проблемите со кои се соочиле земјоделците.
- Во скопските поплави најмногу последиците се големи во долниот дел на теренот, во Стајковци каде што имаше наноси на некој места и повеќе од еден ипол метар. За таква рекултивација во тој дел се потребни повеќе години и мерките кои што се преземаат и бараат повеќе финансиски средства. Среќа е што не беше зафатена поголема територија, а по наша проценка не повеќе од илјада хектари земјоделски земјиште беше зафатенпо од овие поплави, истакна Миткова која е дел од авторскиот тим на брошурата.
Потеценцира дека земјоделците на своите посеви треба да засадуваат повеќегодишни растенија кои ќе ја подобрат структурата на почвата, а во некои делови можат да започнат со одгледување на постоечките култури, но пред се да се обработи почвата и да имаат направени почвени анализи.
Претседателот на ФФРМ Никола Стаменов рече дека практичниот водич и мерки за санација на почвите од полавените региони е од голема помош на земјоделците, преку кој ќе се информираат за мерките кои треба да ги преземат. Стаменов порача земјоделците пред се да си ги осигураат своите посеви, бидејќи, како што рече, овие појави како поплвавите ќе бидат се почести.
Во водичот се препорачува законски да се уредуваат поројните сливови кои се обврска на локалната самоуправа, надлежното водостопанство и ЈП Македонски шуми. Тука се наведени и грешките кои ги прави локалното население како што е бесправната сеча на шумите, намалување на проточноста на коритата со фрлање на шут, бесправни градби во коритото,...
Според податоците на Заводот за статистика, од 2016 година на територијата на Македонија само 46.16 проценти е земјоделско земјиште, од кои 29,17 отсто се пасишта, а 19,95 проценти се обработливи површини. Од обработливото земјиште 8,06 отсто им припаѓа на повисоките бонитетни класи, додека пониските завземаат висок процент односно 81,65 отсто. Голем дел од површините кои се водат како ораници не служат за земјоделско земјиште бидејќи тие се напуштени необработени површини.
Ново на Сител
-
Малолетници во автобус вознемирувале девојче и го допирале по телото, едниот од нив се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица
-
Апелација: Васил Јованов осуден со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело
-
Се заглавил во машина за правење бетон, 35-годишен работник од Бангладеш загина во кратовско
-
Семејството на Васил: Васил го украл автомобилот
-
Наставник со тврд предмет тепал ученик во средно училиште во Кочани
-
Попов: Точно е дека на 18-години направив грешка која, за жал, имаше последици