Македонија
31. March 2016 - 8:33

Промоција на стихозбирката „Меѓу два света“ од Диме Ратајкоски

Поетска стихозбирка „Меѓу два света“ на Диме Ратајкоски, во издание на „Дијалог“ од Скопје, денеска ќе биде промовирана во „Матица ексклузив“.

На промоцијата ќе зборуваат поетот и литературен критичар Бранко Цветкоски и Мите Стефоски, директор на Струшките вечери на поезијата, а стиховите ќе ги чита артистот Љупчо Тодоровски Упа.

Диме Ратајкоски е роден во Скопје во 1983 година, а “Меѓу два света” е негова прва стихозбирка.