Македонија
26. October 2017 - 8:37

Промоција на романот „Годишни времиња“ од Јулијана Величковска во Софија

Во Софискиот книжевен клуб „Перото“ денеска ќе биде промовирано бугарското издание на романот „Годишни времиња“ од македонската писателка Јулијана Величковска, во превод на Поли Муканова. 

Промотори ќе бидат писателот Иван Христов, преведувачот на делото Поли Муканова,  редакторот Владимир Левчев и издавачот Мартин Христов. 

Издавач на романот е „Издателство Ерго“ од Софија, а изданието е во рамки на едицијата „Модерна европска проза“.

Изданието е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија.