Македонија
16. February 2017 - 9:13

Промоција на модел за финансирање на научно-истражувачката дејност во Македонија

Завршна конференција на тема „Предизвици и можности за финансирање на научното истражување во Република Македонија“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија во рамки на Регионалната програма за поддршка на истражувањата во земјите од Западен Балкан.

На настанот ќе биде промовиран новиот предлог-модел за финансирање на научно-истражувачката дејност во Република Македонија и ќе бидат споделени сличните искуства од Словенија и од Естонија.

Предлог-моделот за финансирање на научно-истражувачка дејност предвидува основање Агенција за научни истражувања како самостоен и независен државен орган кој за својата работа одговара пред Собранието. Агенцијата ќе биде надлежна за транспарентно, ефикасно и ефективно остварување на Националната програма за научно-истражувачка дејност и за меѓународната соработка.