Македонија
28. April 2017 - 8:32

Промоција на книги за развојот на библиотекарството во Македонија

Во малата сала на Националната установа Завод и Музеј - Битола, денеска ќе се одржи промоција на книгите „Хронологија на значајни обележја од развојот на библиотекарството во Македонија“ (книга 1 и 2).

Двете дела ги издаде Библиотекарското здружение на Македонија, автори се Анета Стефановска, Благој Николов, Анита Ангелевска, Охридија Лазаровска и Милена Ристова - Михајловска.
 
За изданијата зборува проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.