Македонија
21. July 2024 - 16:38

Падна компјутерскиот систем на Евзони, патниците револтирани

Поради компјутерски пад на системот од грчка страна, утрово се создадоа големи гужви на граничниот премин Евзони. Револтирани граѓани на социјалните мрежи тврдат дека со часови чекале да поминат граница. Од МВР за Сител велат дека станува збор за 15 минутен пад на мрежата, но проблемот бил надминат.

Во шпиц на летната сезона, со часови се чека и на останатите гранични премини во Македонија.