Македонија
12. јуни 2022 - 8:03

Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ=6.

Во Скопје, прoменливо облачно со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Од УХМР прогнозираат дека до понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и услови за град. Во вторник ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а од среда ќе настапи стабилизација. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.