Ракомет
8. April 2016 - 19:34

Променети судиите за дуелот Македонија - Полска

Поради болест на еден од двајцата номинирани судии (Гјединг и Хансен од Данска) за дуелот Македонија - Полска ИХФ мораше да интервенира и да ги смени судиите. Па така, на овој натпревар ќе судат оние кои беа резерви за денешниот ден: Јонас Елиасон и Антон Палсон од Исланд.