Проект за развој на прекуграничен кластер за здравство
Центарот за развој на Источно-планскиот регион (ИПР), раководството на Клиничка болница-Штип и регионалното Здружение на лекари од Благоевградската област во Бугарија денеска на прес-конференција во Штип информираа дека успешно се реализира проектот „Интеграција на европските стандарди во здравството и иновативен пристап во насока за развој на прекуграничен кластер за здравство“.
Директорите на Клиничка болница-Штип, Елизабета Папарова и Александар Стојановски истакнаа дека бенефит од овие проекти ќе имаат лекарите и медицинскиот персонал, кои ќе имаат обуки и ќе разменуваат искуства со своите колеги од Бугарија, а исто така во рамки на овој проект ќе се набави и софистицирана опрема за Одделението уво, нос и грло.
Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева вели дека овој проект е почнат од октомври 2016 година, а ќе се реализира до октомври годинава. Финансиран е од ИПА фондовите на ЕУ преку Програмата за Меуѓугранична соработка Македонија-Бугарија.
- Очекувам и се надевам дека соработка ќе продолжи и на вториот повик од Програмата за меѓугранична соработка со Република Бугарија, кој што го очекуваме да биде во месец септември со предлог проекти и со многу поголеми буџети, инфраструктурни проекти и секако соработката да продолжи и на повиците на Програмата Балкан Медитеран и други европски фондови, рече Здравева.
Координаторот на проектот, Александар Николов вработен во Центарот за развој на ИПР вели дека овој проект се реализира со буџет од 126.000 евра, кој е балансиран.Претставниците од регионалното Здружение на лекари од Благоевгтрадската област во Бугарија на денешната прес-конференција истакнаа дека ова е втора прес-конференција за овој проект. Првата се одржа во Бугарија, каде што веќе имаше и размена на искуства и соработка меѓу лекарите од двете земји.
Ново на Сител
-
Замрзнати вработувањата во администрација
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата
-
Училиштата во Општина Карпош и натаму без парно греење
-
Тестираните за „Птичји грип“ се негативни
-
Санкции за смртта на 14-месечното бебе
-
Почна вакцинацијата против сезонски грип – денеска термин добиле 5.700 граѓани
-
Ахмети го свика централното претседателство на ДУИ: Протестите можна точка за дебата