Проект за одржување ниска преваленца на ХИВ во Македонија
Проект за „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во Македонија, одржлив развој-застапување, комуникација и социјална мобилизација" денеска во Кичево организира „Интер-етник проект“ од Гостивар во соработка со Црвениот Крст од Кичево.
Цел на проектот е да се зголеми видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ и тубркулоза кои се имплементирани во Кичево.
Кординаторот на проектот во Кичево Aлександра Наумчевска рече дека проектот се имплементира во исто време во 12 општини на земјата и има за цел превенција односно да се намали бројот на зависници од опојни дроги како и сексуална едукација се со цел одржување на ниска преваленца на ХИВ во Македонија.
Во рамките на данешната програма за презентација на проектот на градскиот плоштрад имаше музички изведувачи и театарска престава. Овој проект го подржува Министерство за здравство на Македонија.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“