Македонија
18. јуни 2016 - 17:40

Проект за одржување ниска преваленца на ХИВ во Македонија

Проект за „Одржување на ниска преваленца на ХИВ во Македонија, одржлив развој-застапување, комуникација и социјална мобилизација" денеска во Кичево организира „Интер-етник проект“ од Гостивар во соработка со Црвениот Крст од Кичево.

Цел на проектот е да се зголеми видливоста и ефикасноста на превентивните програми за ХИВ и тубркулоза кои се имплементирани во Кичево.

Кординаторот на проектот во Кичево  Aлександра Наумчевска рече дека проектот се имплементира во исто време во 12 општини на земјата и има за цел превенција односно да се намали бројот на зависници од опојни дроги како и сексуална едукација се со цел одржување на  ниска преваленца на ХИВ во Македонија.

Во рамките на данешната програма за презентација на проектот на градскиот плоштрад имаше музички изведувачи и театарска престава. Овој проект го подржува Министерство за здравство на Македонија.