Продолжуваат протестите во Охрид за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓани на Охрид попладнево повторно излегоа на улица, во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Со протестен марш низ улиците ја изразија својата поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.
- Многу е жално, болно и тешко да се руши нешто за што нашите предци ги давале животите, а тоа е нашата држава, дотолку поболно е што тоа го прават наши изроди. Сплотеноста на Македонецот денеска мора да дојде до израз за да не дозволи да дојде до уривање и разнебитување на нашата заедница, изјави Христо Миладинов.
Протестниот собир започна кај охридската гимназија, продолжи со марш низ централните улици на Охрид и заврши на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори