Продолжуваат протестите на Палестинците во Газа
Илјадници Палестинци и денеска останаа во шаторите поставени долж границата на Појасот Газа со Израел, барајќи право на враќање на бегалците и нивните наследници на територијата која сега му припаѓа на Израел.
Во меѓувреме, смртниот биланс на демонстрантите убиени од израелската војска се искачи на 16.
Сепак, бројот на насобраните палестинци денеска е значително помал отколку за време на викендот кога кулминираше протестот. Повеќето демонстранти стоеја на безбедна оддалеченост, внимавајќи на израелските војници кои беа на своите позиции од другата страна на границата.
Десетици илјади Палестинци во петокот во Појасот Газа почнаа шестнеделен протест со барање да им се дозволи на палестинските бегалци да се вратат во Израел. Тие поставија десетици шатори на пет локации долж границата со Израел. Организатор на протестот е Хамас.
Но, протестот набрзо прерасна во насилство, кое беше осудено од генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, кој побара независна истрага. И шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини побара да се спроведе истрага за употребата на боева муниција за време на палестинските демонстрации.
Израелската војска соопшти дека убиените Палестинци во петокот, пукале кон војниците, тркалале запалени гуми и фрлале бомби и камења кон границата.
Хамас соопшти дека петмина од убиените биле припадници на вооруженото крило на тоа движење. Израел тврди дека осуммина од убиените биле припадници на Хамас, а останатите на други воени фракции.
Бројот на загинатите денеска се искачи на 16, откако беше соопштено дека еден 29-годишен маж им подлегнал на повредите. Вооруженото крило на движењето Исламистички џихад соопшти дека станува збор за нивни член.
Ново на Сител
-
Трамп: Путин е свесен дека се можни нови американски санкции
-
Најмалку 24 загинати во поплавите во Тексас, меѓу нив и деца
-
Зголемен интензитетот на сообраќај, на „Табановце“ и „Богородица“ се чека до 40 минути
-
Амнести: Властите во Србија мора да ја прекинат незаконската употреба на сила против демонстрантите и да истражат пријави за полициско насилство
-
Денеска многу топло, до 41 степен, надлежните препорачуваат мерки за заштита
-
Макрон: Путин не попушта, санкциите остануваат клучни
-
Амбасадата во Белград ја потврди информацијата за загинат македонски државјанин во сообраќајка
-
СДСМ реагира на најавата од владата