Продолжуваат кинеските воени вежби околу Тајван, прекинати воените преговори со САД
Кинеските вооружени сили соопштија дека продолжуваат со поморските и воздушните воени вежби околу Тајван. Командата на Источната зона на Кинеската Народноослободителна армија преку социјалната мрежа Веибо објави дека денеска ќе се увежбуваат противподморнички напади и офанзивни дејства на отворено море.
Пекинг втор ден последователно ги продолжува вежбите околу Тајван. Тие почнаа во четвртокот, а требаше да завршат вчера попладнето, но се продолжени.
Кинеската армија воените маневри ги почна со лансирања ракети како демонстрација на сила по посетата на петседателката на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот Ненси Пелоси на Тајван, кој Пекинг го смета за своја територија.
Инаку, кинеското Министерство за одбрана денеска се изјасни по однос одлуката на Пекинг да ги прекине воените преговори со САД, донесена во знак на протест поради посетата на Пелоси на Тајван.
„Сегашната тензична ситуација во Тајванскиот теснец е целосно предизвикана и создадена самоиницијативно од американската страна, која заради направеното мора да сноси целосна одговорност и сериозни последици. Суштината не може да се негира, а комуникацијата бара искреност”, рече портпаролот на Министерството за одбрана Ву Чиан во објава преку Интернет.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите