Продолжува судењето за „Рекет“
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“. Минатото рочиште се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.
Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.
Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.
Ново на Сител
-
Трамп воведе царини од 25 отсто за увоз на автомобили и лесни камиони во САД
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Состојба на патиштата
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО