Продолжува истражувањето на пештерата Врело
Македонските нуркачи oд клубот „Акватек“ и спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ ја завршија првата експедиција во двете езера кои се наоѓаат во туристичката пештера Врело. Целта на мисијата на спелео-нуркачите е да го истражат во целост овој предел од подводната пештера, кој важи за голема мистерија бидејќи досега не е посериозно истражуван.
Влезот во овие езера почнува од делот во сувата галерија кој се наоѓа над главниот влез на подводната пештера Врело, кој е достапен и за туристичко разгледување.
Според сознанијата на спелео-нуркачите, максималната длабочина на овие езера кои се заемно поврзани се уште е непозната, а се претпоставува дека е 80 метри во должина.
- Од моментот кога ќе влезете внатре, водата е со многу голема видливост и може да ги видите подводните убавини на овие езера. Екстремните нуркања од овој вид се долги и некогаш траат и по неколку часа, но во моментот кога ќе ги видите природните пештерски форми, сфаќате дека трудот ви се исплател, бидејќи глетката е фантастична, изјави Даниел Атанасовски, инструктор по нуркање од нуркачкиот клуб „Акватек“.
Внатрешноста е богата со сталактити и сталагмити како и разни други природни минерални форми кои се формирале со текот на годините, од самото постоење на пештерата Врело.
Тимот на оваа експедиција потенцира дека ги следи сите процедури за пештерско нуркање бидејќи и најмалите грешки може да бидат многу фатални за нуркачите. Според нив, во Македонија постојат многу неиспитани извори и подводни пештери кои претставуваат вистински предизвик за работа.
„Врело“ и „Акватек“ следните неколку месеци ќе продолжат да ја истражуваат пештерата без деградирање и нарушување на животната средина.
Ново на Сител
-
ФТ: ЕУ се подготвува да ги погоди големите технолошки компании како одмазда за тарифите на Доналд Трамп
-
Мајк Џејмс стана првиот член на „клубот 5.000“ на Евролигата
-
УЕФА ја казни Рома и делумно го затвори стадионот Олимпико
-
Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродови лица да учествуваат во женски спортови
-
Панама негира дека ги прилагодува таксите за премин низ Каналот за американски бродови
-
Мицкоски и Перински на средба со новинари за теренските посети на општините „Каде срцето е дома“
-
Судски совет ќе формира комисија која треба да утврди дали имало пропуст во претходните судски постапки на обвинетиот Васил Јованов
-
Ведро и студено утро, преку ден сончево и ветровито