Продолжува бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“, МОН бара јавноста да не прави притисок
Бојкотот во основното Лазо Ангеловски продолжува. Над 1500 ученици остануваа без настава а МОН бара трпение. Министерката и по вчерашниот состанок не кажа до какво решение дошле за случајот кој трае веќе три години. Јаневска вели работеле на подлабоки и сериозни активности кои ќе бидат преземени во корист на дететот, но до крајната одлука побара јавноста да не врши притисок.
Дел од предложените мерки било третоодделенецот да продолжи на настава со скратено време на престој. За родителите е изречена мерка за надзор од министерството за социјална политика, а за детето е наложено да му се направи проценка и да се одредат методи од државниот завод за ментално здравје. Родителскиот совет не се согласил во целост и реши да продолжи со бојкотот.
Третоодделенецот од чие однесување се испразни најпрво класот каде што учи, предизвика револт во целото училиште Лазо Ангеловски бидејќи решението го бараат веќе три години. Поради овој случај настава бојкотираа и родителите на ученици од основното 11 октомври во Центар каде што имаше обид ученикот да биде префлен.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар