Продолжи расправата по буџетот за 2016 година
Пратениците денеска ја продолжија рaсправата по Дополнетиот Предлог буџет за 2016 година. Во фокусот денеска беше здравствениот сектор.
Пратениците од мнозинството посочуваа дека предложениот буџет во здравството се зголемува во континуитет, а опозицијата со забелешки за состојбите во здравството и за тоа дека се гради и се набавува со опрема со кредити.
Момчило Аврамовски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека буџетот за 2016 година е развоен со рекордни средства за капитални инвестиции, а најголемиот дел од дискусијата ја посвети на здравството.
Потеницира дека се обезбедуваат средства за здравствениот систем со цел подобрување на здравствената заштита на граѓаните. Додаде дека се предвиени 1,599 милиони денари наменети за изградба и реконструкција на јавни здравствени установи, меѓу кои позначајна е доизградбата на ПЕТ Центарот, како и за набавка на опрема.
- Тврдам дека е развоен буџетот бидејќи во однос на 2005 капиталните инвестиции се двојно зголемени. Во 2014 година имаше 5,2 проценти реализација на проекти, а во 2005 година биле 3,3 проценти, истакна тој.
Весна Пемова меѓу другото истакна дека значајни средства во предложениот буџет се за здравството.
- Буџетот за здравството е поголем за 1,334 милијрда денари или гледано историски овој буџет е 10 пати поголем во однос на оној од 2005 година кога на власт беше СДСМ, рече Пемова и ги наброја планираните проекти за реконструкција и изградба на ЈЗУ, 70 милиони евра за Клиничкиот центар во Скопје, Клиничка болница во Штип од 30 милиони евра, реконструкција на Клиниката „Св. Наум Охридски“, реконстукција на специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, нов ургентен центар во Куманово, реконструкција на Клиничка болница - Битола...
Таа истакна дека во континуитет растат средствата за здравството така од 16 милијарди во 2007 сега има 26 милијарди денари.
Потенцира дека потребни се години и многу средства за да се поправи, како што рече, катастрофата што ја наследиле.
За Горан Сугаревски од СДСМ прашање е зошто власта сега по 10 години ветува изградба на болници.
Панче Орцев истакна дека пратениците од владеачкото мнозинство се однесуваат како да не се на власт 10 години и оти сите ја знаат состојбата во здравствениот систем.
Според него развоен е оној буџет кој ќе направи и продуцира развој на стопанството и подобар живот на граѓаните. - Триесет и девет проценти од домашните компании работат со загуба, 37 проценти се во стечај, илјадници се со блокирани сметки. Долгот е 5,5 милијарди евра на домашните компании. Дали тоа е продуцирање на развоен буџет, праша Орцев.
Марјанчо Николов посочи дека здравството е во колапс и дека има долгови од 52 милиони евра.
Јагода Шахпаска упати забелешка дека се прават реконструкции и изградба на болници ама со заеми.
За Хари Локвенец предложениот буџет не овозможува адекватен развој на македонската економија и рамноправноста на сите економски субјекти.
Сашо Поцков во врска со планираните инвестиции од буџетот забележа бидејќи тие се со кредити.
Расправата продолжува по редовната пауза на пратениците.
Ново на Сител
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче
-
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница, ќе се расправа за минималната плата
-
НКЕУ-МК ќе одржи сесија за интегритетот и независноста на правосудството како предизвик во реформите за владеење на правото
-
Адвокатите во Србија запираат со работа на еден месец во знак на поддршка за студентите
-
Неформален Самит на ЕУ посветен на одбраната на Европа
-
Северна Кореја го критикува Рубио и порача дека нема да толерира „провокации“ од САД
-
Променливо облачно време со повремен слаб локален дожд
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест