Продажните цени на производителите на индустриски производи пониски во февруари
Продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари се пониски за 0,5 проценти на месечно ниво и за 4,4, проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во споредба со јануари продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 5,8 проценти и во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 проценти. Повисоки се цените за 0,8 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Во однос на февруари минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 4,6 отсто, додека во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се на исто ниво.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,9 проценти на месечно ниво, а за 8,7 проценти на годишно ниво.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп