Магнус секогаш на врвот
Магнус фитнес центарот е почестен што неговата натпреварувачка Мери Акиевска ги донесе 4 златa за нашата држава и стана 4кратен светски шампион во јуниорска и сениорска велнес конкуренција и апсолутна категорија во велнес во јуниори и сениори. Со еден збор, “македонското магнус девојче” освои се што можеше да се освои на светското првенство во Санта Сузана - Шпанија кое се одржува од 3 до 8 ноември годинава. Сонот за освојување на светската сцена за Мери Акиевска веќе е реалност. Мери Акиевска е натпреварувач и член на Магнус фитнес центарот и повеќе години работи во истиот.
-Пресреќна сум. Не постојат зборови со кои можам да ги опишам чувствата. Не можев да ги сопрам солзите радосници додека четири пати се искачував на пиедесталот и ја слушав македонската химна. Годинава ја завршивме со многу златни титули. Голема благодарност до мојот тренер и Претседател на Боди билдинг и фитнес федерацијата на Македонија - Бобан Ѓороски кој веруваше во мене и пред време го забележа и препозна мојот потенцијал и желба и направи се за да стигнам до тука и да бидам светски шампион. Благодарност и до мојот матичен и најдобар фитнес центар во државата Магнус, кој ми овозможи идеални услови за тренинг на најсовремената линија на Technogym машините во кој сум и дел од тимот на вработени лица. Благодарност и до Агенцијата за спорт и млади и на сите што ме поддржуваа – ни изјави Акиевска.Патот до успехот воопшто не е лесен. Потребни се многу жртви и откажување од некои задоволства. „Мојот живот подразбира секојдневни напорни тренинзи и долготрајни исцрпувачки диети. Се откажав од забави и богати софри со калорична храна. Станувам рано и легнувам рано. Тоа е мојот рецепт за посакуваната форма и светскиот успех, изјави Мери Акиевска.
-Мери почна да се занимава со фитнес во 2017 година, рекреативно. Резултатите беа брзи, а трансформацијата на формата и облините на телото видливи. За кратко време таа се вљуби во бодибилдингот и тој стана дел од нејзиното секојдневие. Мери има освоено многу титули и признанија во светот на фитнесот и бодибилдингот но ова е нејзин најголем успех во кариерата. На Светското првенство сега учествуваат 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи. Во силна конкуренција, Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 см висина во Јуниорска и Сениорска конкуренција и во двете категории освои и победи во Апсолутна категорија, изјави претседателот на Боди Билдинг и Фитнес Федерација на Македонија Бобан Ѓороски.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција