Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на автомобил „Ауди А6“
Со исказ на поранешна вработена во Државниот завод за ревизија и членови на Комисијата за јавни набавки при Општина Струга заврши сослушувањето сведоци во судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на автомобилот „Ауди А6“. На следното рочиште закажано за 9 јуни во Основниот суд во Струга, обвинетиот треба да ја даде својата одбрана, по што ќе следат завршни зборови на бранителот, јавниот обвинител и изрекување пресуда.
- На денешното рочиште ги исцрпивме вербалните докази кои судот ги прифати, а се изведоа и материјалните докази. Сега останува да се види целокупната документација, да им се даде можност на одбраната и обвинението да ги спремаат своите завршни зборови и на наредното рочиште веќе предметот да се заврши, изјави судечкиот судија Јордан Јованов, најавувајќи завршница на случајот во текот на јуни годинава.
Пензионираната Лилјана Стојанова, тогаш вработена во Државниот завод за ревизија појасни дека во услови на блокирана сметка претседателот на Основниот суд издал решение за најнеопходните трошоци и функционирање на Општината. Во ноември 2017 година, како што додаде, била направена промена на тоа решение и бил одобрен месечен лимит на Општината од над 50 милиони денари, што значи дека за 12 месеци вкупниот буџет би бил 605 милиони, што го надминува редовниот годишен буџет.
Во својство на сведоци се појавија и претседателот на Комисијата за јавни набавки при Општина Струга Алија Ајдиновски и Ерканда Баута заменик член. Според нив, постапката за набавка на четирите возила меѓу кои и „Аудито“ била спроведена согласно Законот за јавни набавки, по донесена одлука на Советот на Општина Струга за обезбедување средства во буџетот за таа намена. Ајдиновски посочи дека на тендерот имало две понуди и оти била избрана најповолната.
Баута пак, која била член и на Комисија за продажба на старите општински возила, кој според неа, не биле функционални, посочувајќи дека Општината имала потреба од нови автомобили и оти и претходниот возен парк се состоел од скапи возила.
Одбраната на Мерко смета дека во конкретниот случај не постои ниту еден доказ кој упатува на било каква неправилност при набавката на автомобилот „Ауди А6“.
Сведоците, кои претходно имале одредени изговори за недоаѓање на рочишта, денеска во Струшкиот суд беа спроведени со полиција по дадена наредба на судијата.
Во Судот во Струга денеска треба да продолжи расправата за поставеното спомен – плоча на влезот на општинската зграда, кое е во постапка на изведување вербални докази на обвинение.
Ново на Сител
-
Си Џинпинг пристигна во Кремљ на средба со рускиот колега Путин
-
Во Солун разбиена криминална радикално десничарска организација
-
Променливо облачно со сончеви периоди, најмногу дожд на Попова Шапка
-
Капитенот на ПСЖ: Знам колку боли пораз во финалето на ЛШ
-
ПСЖ со двојна победа над Арсенал обезбеди финале во Лигата на шампиони
-
Зеленски: Украинскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште важи, нема реакција од Москва
-
Почнува Саемот на книга
-
Еден ученик убиен, двајца ранети во напад со нож пред средно училиште во Калифорнија