Македонија
18. October 2018 - 18:14

Привремен сообраќен режим на улицата „Антон Попов“

Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на улицата „Антон Попов“, од 19 октомври, до завршувањето на градежните работи, се воведува привремен сообраќаен режим, соопштија од Град Скопје. 

За време на извршувањето на градежните работи на трасата ќе биде забранет сообраќај за тешки товарни возила, како и за автобусите на јавниот превоз кои ќе се пренасочуваат и ќе се движат по булеварот „Борис Трајковски“.

- Сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, апелираат од Град Скопје.